Zylfije Adem Jakupi
12 Декември 2022•Ажурирај: 13 Декември 2022
ПРИШТИНА
Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Баербок во врска со ситуацијата во северениот дел на Косово рече дека е неприфатлив предлогот за испраќање на српски безбедносни сили на Косово, известува Агенција Анадолија (АА).
Баербок на социјалната мрежа Твитер напиша дека Косово ги намалило тензиите со одложувањето на локалните избори, наведувајќи дека неодамнешната реторика од Србија го сторила спротивното.
„Предлогот за испраќање на српски сили во Косово во потполност е неприфатлив, како и најновите напади врз ЕУЛЕКС Косово“, напиша шефицата на германската дипломатија во својата објава на социјалните мрежи.
Баербок додаде дека во потполност го поддржува дијалогот што го води специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.