Cüneyt Karadağ
22 Септември 2024•Ажурирај: 24 Септември 2024
БЕРЛИН (АА) - Бурни реакции предизвика акцијата на германската полиција која приведе 10-годишно момче поради носење палестинско знаме на демонстрациите за поддршка на Палестина во Берлин, известува Анадолу.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат четворица или пет полицајци како прво бркаат 10-годишното дете, го фаќаат, а потоа го спроведуваат во полициско возило.
На постапката на германската полиција реагираа голем број корисници на социјалните мрежи.
„Полицијата во Берлин приведе 10-годишно момче бидејќи носеше палестинско знаме. Вознемирувачко, срамно, Германија во 2024 година“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.
Друг корисник објави:
„Храбрата берлинска полиција го приведе најопасното дете во градот. Тоа сакаше да го искористи своето знаме за да ја собори Федералната влада и да прогласи палестинска држава“.
„Берлинската полиција бркаше 10-годишно момче. Немам зборови“, стои во друг коментар.