Meiramgul Kussainova
24 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, порача дека Украина е разочарана со тоа што властите на Германија одбиле да ѝ продадат оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кулеба на Твитер ги коментираше и критикуваше неодамнешните изјави на германскиот премиер Олаф Шолц и шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок, кои се противат на продажбата на наоружување и одбранбена опрема на Украина.
„Германија нѐ разочара“, напиша Кулеба и додаде дека единството на Западот во однос на Русија е сега поважно од кога било.
Нагласувајќи дека се потребни заеднички напори за зауздувањето на Русија, Кулеба рече дека германските партнери мора да престанат да го поткопуваат тоа единство и да го охрабруваат Владимир Путин да започне нова офанзива против Украина.
Кулеба истакна дека е благодарен за поддршката која Германија ја пружа на Украина од 2014 година и на нејзините дипломатски иницијативи во однос на конфликт меѓу Русија и Украина.
„Сепак, сегашните изјави на германскиот лидер се разочарувачки и се во спротивност со таа поддршка и напори“, нагласи Кулеба.