Ahmet Nurduhan
23 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со политичката состојба во регионот и Босна и Херцеговина рече дека сите заедно треба да го зачуваат мирот и дека никој не сака војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вучиќ во изјава за „Пинк ТВ“ нагласи дека се плаши од едностраниот пристап на странците во врска со состојбата во Босна и Херцеговина.
„Најважно е ние да ја исполниме нашата должност во врска со состојбата. Поседуваме шанса за унапредување и да се развиеме заедно, не треба да ја испуштиме оваа шанса“, истакна Вучиќ.
Тој упати апел до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со изградбата на автопатот меѓу Сараево и Белград, што е во тек, и додаде: „Изграден е делот на автопатот од српската страна. На средбата со Ердоган, го запрашав дали ќе се изгради делот од проектот од страната на Босна и Херцеговина. Затоа мојата посета на Анкара беше важна за решавање на проблемите во врска со Сараево. Ова е една од темите за кои ќе се разговара на трилатералниот самит што ќе се одржи по изборите во Србија.“
„Сите заедно треба да го зачуваме мирот. Никој не сака војна“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека ниту Бошњаците, ниту Хрватите, ниту пак, Србите не сакаат војна.
Српскиот претседател истакна уште еднаш дека никогаш не треба да се повторат заканите и клеветите против Бошњаците во српскиот град Прибој.