29 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
БЕРЛИН (AA) – Германската Влада објави дека во Италија ќе ја врати сликата на холандскиот уметник Јан ван Хујсум (1682-1749), која нацистичките војници ја украдоа во текот на Втората светска војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Владата денеска (сабота) соопшти дека министерот за надворешни работи, Хеико Маас и неговиот италијански колега Енцо Моаверо наскоро заедно ќе отпатуваат во Фиренца да ја предадат сликата со мртва природа „Вазна со цвеќе“ на галеријата „Уфици“.
Директорот на галеријата, Еике Шмит, претходно оваа година упати јавен повик да се врати сликата.
Сликата беше дел од колекцијата на палатата Пити во Фиренца од 1824 година до избувнувањето на Втората светска војна. Ја украдоа германските војници и не се појави сѐ до обединувањето на Германија.
Уште не е познато дали семејството кое моментално ја поседува сликата ќе добие компензација.