Erbil Başay
31 Јануари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
БЕРЛИН (АА) - Германија ќе обезбеди 25 милиони евра за турската Црвена полумесечина (Kızılay) за изградба на засолништа за Сиријците кои бегаат од регионот на Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, истакнувајќи дека има редовни извештаи за тоа дека сирискиот режим и неговите приврзаници извршуваат безмилосни напади врз регионот на Идлиб, рече дека нападите се застрашувачки.
Нагласувајќи дека хуманитарната ситуација во северна Сирија е трагична, Зајберт рече дека 3 милиони луѓе очекуваат помош и дека 1 милион луѓе од Идлиб се раселени.
Тој потсети дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и канцеларката Ангела Меркел се сретнале минатата недела во Истанбул и дека Меркел ветила оти ќе даде поддршка за намалување на страдањата на луѓето и дека во тој контекст ќе помогне германското Министерство за надворешни работи.
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристофер Бургер, истакнувајќи дека Германија е една од земјите што даваат најмногу пари за сириската криза, рече: „Германското Министерство за надворешни работи ќе обезбеди 25 милиони евра за турската Црвена полумесечина (Kızılay) за изградба на засолништа за Сиријците кои бегаат од регионот на Идлиб.“
Бургер, исто така, посочи дека германската Влада во 2020 година донирала околу 28 милиони евра за заштита и поддршка на цивилите во северозападна Сирија.