Ekipa
03 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција соопшти дека повеќе лица загинаа во судирот меѓу автобус и камион, кој утринава се случи кај германскиот град Минхберг, во Баварија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на „Twiter“ (Твитер) објави дека во сообраќајната несреќа, во автобусот загинале повеќе патници. Не беше објавен точниот број на загинатите, но претходно излезе соопштението дека има 31 повреден, а 17 се водат како исчезнати.
Автобусот превезувал група од 46 патници од сојузната покраина Саксонија.
Голем број екипи на итната медицинска помош и амбулантни хеликоптери се на местото на несреќата, за да им помогнат на настраданите патници од автобусот којшто по судирот се запали.
Сообраќајот на автопатот А9 привремено е запрен, а надлежните служби вршат увид на местото на несреќата.