Burcu Çalık Göçümlü
30 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
АНКАРА (АА) – Хронолошкиот приказ на важните настани од Турција и светот на Агенција Анадолија за 2019 година е објавен на турски, англиски и арапски јазик.
Агенција Анадолија (АА) искористувајќи ја богатата архива од вести и фотографии од економијата, спортот, културата и уметноста, како и секоја година и за 2019 година го објави хронолошкиот приказ на важните настани од Турција и светот.
Во хронолошкиот приказ што е објавен на три јазици, турски, англиски и арапски, има вести од значајните настани од минатата година, како што се локалните избори од 31 март во Турција, операцијата „Канџа“, операцијата „Извор на мирот“, борбата против ФЕТО, 3. Национална научна експедиција на Антарктикот, отворањето на големата џамија „Чамлиџа“, активностите од стогодишнината од Националната борба, настаните поврзани околу одбранбениот систем „S-400“, самитот во Анкара „Трилатерален самит Турција-Русија-Иран“, како и промовирањето на турскиот автомобил од домашно производство.
Покрај тоа, во Годишникот се наоѓаат и значајните меѓународни содржини за терористичкиот напад врз двете џамии во Нов Зеланд, смртта на Мохамед Морси, првиот претседател на Египет избран по демократски пат, конфликтите во Либија, државниот удар во Судан, историскиот референдум „Моро“, изборите во Европскиот парламент, Самитот на лидерите на Г-20, протестите што започнаа во Багдад, главниот град на Ирак, антивладините демонстрации во Чиле и убиството на Ебубекир ел Багдади, лидерот на ДЕАШ во американската операција.
Во годишниот хронолошки приказ не се заборавени и значајните имиња од областа на уметноста, политиката и науката, кои починаа минатата година.
Писателот Нури Пакдил, проф. д-р Мумтаз Сојсал, проф. д-р Берил Дедеоглу, Кемал Карпат, Кадир Мисирлиоглу, Јилдиз Кентер, Ајшен Груда, Тарик Унлуоглу, Гулриз Сурури, Ариф Ширин, Дилбер Ај, поранешниот началник на Генералштабот, генерал Јашар Бујуканит, и новинарот на Агенцијата Анадолија, Абдулкадир Нишанџи, кој почина за време на својата задача во Бајбурт.
Во областа од спортот ги има следните содржини: Турскиот куп, 54. Европско првенство во карате, 14. Европско првенство во теквондо, Европското првенство во борење, Турскиот куп во кошарка за жени, 55. Претседателска велосипедска трка, Светското првенство во теквондо, 76. Златен глобус, 61. награди „Греми“, наградите „Оскар“, 47. меѓународни награди „Еми“, церемонијата за официјално отворање на Гобеклитепе и Филмскиот фестивал „Златен портокал“.
Годишникот на АА, којшто традиционално се објавува секоја година, се продава преку интернет и во книжарниците заедно со публикациите „Репортер“, „Турција од небо“, „Стратегија за безбедноста на Турција“, „Борбата на Турција против ДЕАШ“, „Културните богатства на Турција“ и „Операцијата Извор на мирот“.