Mustafa Çağlayan
22 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Оние кои одбиваат прифаќање на бегалците бидејќи се муслимани, се најдобри сојузници на пропагандата за регрутирање на екстремисти која ја спроведува ДАЕШ и другите терористички групи, изјави вчера Комесарот на ОН за бегалци, Антонио Гутјерес, на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Седницата е одржана по изјавата на републиканскиот претедент за американски претседател Доналд Трамп за тоа дека на муслиманите треба да им се забрани влез во САД.
Земајќи ја можноста дека терористите би можеле да се инфилтрираат меѓу бегалците, Гутјерес рече дека оние кои бегаат од воените зони не може да бидат обвинети поради одлуката "да го ризикуваат животот со бегање".
"Оние кои одбиваат да ги прифатат српските бегалци бидејќи се муслимани се најдобри сојузници на пропагандата за регрутирање на екстремисти", рече Гутјерес.
Во саботата, демократската кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон, рече дека зборовите на Трамп се ДАЕШ-ов најдобар сојузник во регрутацијата на екстремисти.
"Тие на луѓето им го покажуваат видеото во кое Доналд Трамп го навредува исламот и муслиманите за да регрутираат нови радикали", рече Клинтон за време на дебатата на демократските кандидати.
Трамп повика на забрана за влез на муслимани во САД, по пукањето во Сан Бернардино во кое беа убиени 14 лица.
Неговата изјава ја осудија САД и ширум светот.
"Не смееме да заборавиме дека, и покрај реториката која ја слушаме овие денови, бегалците се први жртви на таквиот терор, а не негови извори", рече Гутјерес.