Davut Çolak
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данскиот Парламент усвои закон за ограничување на помошта и донациите за невладини организации и џамии кои доаѓаат од странство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според законот кој е изгласан во Парламентот вчера, Министерството за имиграција ќе ги стави на „списокот за забрана“ правните лица, физичките лица, организациите и државните институции во странство, за кои се смета дека ги оштетиле демократските вредности на Данска.
Оние кои се наоѓаат на списокот за забрана на Министерството за миграција ќе можат да донираат максимум 10.000 дански круни (1.600 долари) на која било невладина организација, во рок од една година.
Невладините организации и џамиите ќе ги вратат парите доколку добијат донација или поддршка поголема од износот утврден од Министерството.
Министерот за имиграција, Матијас Тесфаје, по усвојувањето на Нацрт-законот, на веб-страницата на Министерството рече: „Денес има екстремни сили во странство кои се обидуваат да ги свртат нашите муслимански граѓани против Данска и со тоа да го поделат нашето општество. Во последните години во медиумите често се пишуваше дека џамиите во Данска добиваат голема сума на помош од странство, особено од Средниот Исток. Нашата Влада ќе го спречи тоа.“
Социјалдемократската партија, Либералната партија (Venstre), Социјалистичката народна партија и Конзервативната партија, како и крајно десничарската Данска народна партија гласаа за усвојување на Нацрт-законот.