Mücahit Aydemir
15 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
КУДС (АА) - Двајца Израелци загинаа во напад извршен во окупраниот Западен Брег, а убиен е и Палестинецот кој е осомничен за нападот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во израелските медиуми, извршен е напад со нож врз израелски доселеници во Ариел, илегална еврејска населба на Западниот Брег.
Се истакнува дека во нападот загинале двајца израелски доселеници, додека четворица се повредени.
Во соопштението на израелската војска се вели дека Палестинецот кој е осомничен за нападот, избегал од местото на настанот, но потоа бил фатен и убиен.
Израелската војска често врши рации во окупораниот Западен Брег, кој секоја година се соочува со зголемен бран на насилство.
Минатиот месец, Обединетите Нации (ОН) 2022 година ја опиша како „најсмртоносна година на Западниот Брег од 2006 година“ и соопштија дека се загрижени поради непропорционална сила што ја употребува израелската војска.
„Од почетокот на 2022 година досега, најмалку 105 Палестинци, од кои 26 деца, се убиени од страна на израелските сили на Западниот Брег “, се вели во соопштението.