Erbil Başay
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезиер, изјави дека германската полиција оваа година спречила три терористички напади во таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Де Мезиер во интервју за весникот „Bil dam Sonntag“ (Бил Дам Сонтаг) изјави дека германската полиција дејстува првенствено за да ги спречи безбедносните закани и дека во изминатите 17 години спречила извршување на најмалку 16 терористички напади.
„Само оваа година се спречени три такви напади“, вели Де Мезиер и додаде дека Германија станала побезбедна поради ефикасната работа на безбедносните сили и добрата меѓународна разузнавачка соработка.
„За единаесетте месеци од оваа година во Германија влегоа 173.000 мигранти. Очекувам до крајот на годината бројот на мигрантите да не ја надмине бројката од 200.000“, изјави Де Мезиер.
Осврнувајќи се и на прашањето за депортација на мигрантите на кои не им е одобрен азил во Германија, Де Мезиер изјави дека владеачкиот христијански блок ЦДУ/ЦСУ (CDU/CSU) планира да формира центри во кои мигрантите ќе бидат задржувани за време на процесуирањето на нивното барање за азил.
„Мигрантите со одобрен азил од центрите би биле упатувани на локалните органи за згрижување, а во центрите би биле задржани оние чии барања се одобрени. Така ќе имаме поефикасен и полесен процес на депортација“, вели Де Мезиер.