Ekipa
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - МУХАМЕД МИСТО/АДХАМ КАКО -
Тековните режимски напади во Источна Гута, предградие на Дамаск, го претвораат животот на цивилите од подрачјето во бескраен кошмар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Животот под опсада е кошмар“, раскажува Ебу Мухамед, жител на Источна Гута.
„Многу е тешко да се најде соодветна работа во овие услови“, вели тој.
Ебу Мухамед ја загубил својата сопруга во напад на силите на Башар ал-Асад.
„Моето дете Карим имаше само еден месец кога ја убија мојата сопруга“, вели тој.
Несреќниот татко вели дека неговото бебе во нападот го загубило едното око и претрпело повреди на главата.
Сега за моето дете се грижат неговите браќа и сестри кои исто така се на деца.
Ум Ахмед го преживеа нападот во кој сопругата на Ебу Мухамед загина, и раскажа што се случило.
„Кратко откако го напуштивме нашиот дом, ракета падна веднаш до нас. Експлозијата ме зашемети, а кога се разбудив и дојдов при себе видов дека нејзиното тело е распарчено“, вели таа.
„Нашата ситуација тука е ужасна, лековите се премногу скапи и не можеме да си ги дозволиме, а тешко е и да се најдат.
Мојот сопруг правеше обиди да најде некои лекови но безуспешно. Се грчев во агонија кога немав лекови против болка“, вели таа.
Ум Ахмад рече дека е многу тешко за цивилите да дојдат до храна во овој опколен регион.
„Нашата ситуација се влошува. Моите деца немаат јадено ништо од вчера“, вели таа.
„Добивме два килограми јачмен од кој направивме леб и ги нахранивме нашите деца. Денес,немаме што да јадеме“, вели таа.
Источна Гута, во која живеат 400.000 цивили, се наоѓа под опсада на режимските сили од декември 2012 година.
Опколената област се наоѓа во мрежата зони без судири, поставени од страна на Турција, Русија и Иран, во кои актот на агресија е особено забранет.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.
Оттогаш, според ОН, убиени се над 250.000 лица, а над 10 милиони лица се раселени.