АНКАРА (АА) – Доналд Трамп, новоизбраниот американски претседател, во јавноста во текот на предизборната кампања најмногу се истакнуваше по многуте сензационални и остри изјави, а се очекува дека и по неговото преземање на функцијата прв човек на Белата Куќа, да продолжи да биде предмет на расправа во американската и светската јавност, јавува Anadolu Agency (AA).
Многу познати политичари и пред победата на изборите, за него зборуваа дека би бил „вистинска национална катастрофa и сериозна закана“, додека во светот на уметноста беше споредуван и со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
Уште сега многумина во светот се прашуаат каква политика во САД и во светот ќе води човекот кого го обвинуваа за „расизам, ксенофобија и некоректен однос кон жените“.
Според електронската пошта која во септември протече во јавноста, поранешниот државен секретар на САД, Колин Пауел сметал дека Трамп е „национална катастрофа и срам за оваа земја“.
Потпретседателот на САД Џо Бајден во својот говор во септември, во знак на поддршка на Хилари Клинтон, го обвини Трамп дека е неук по прашањата од надворешната политика и дека претставува сериозна закана за надворешната политика на САД.
„Замислете на овој човек да му ги дадете шифрите на нуклеарките“, рече Бајден.
Досегашниот претседател Барак Обама во август рече дека на Трамп не би му прилега функцијата американски претседател, додавајќи дека не поседува талент и знаење за да управува со САД.
Откако се појави снимката на која Трамп отворено ги навредува жените, Обама изјави дека Трамп нема самодоверба и со навредување на останатите се обидува да ги надополни своите недостатоци.
Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието, Трамп кој за време на предизборната кампања вети дека ќе изгради ѕид на границата меѓу САД и Мексико, го спореди до нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
„Италијанскиот лидер Бенито Мусолини и Хитлер исто така дојдоа на власт“, рече претседателот Нието пред изборите во САД.
Покрај тоа, во одделни американски медиуми, поради неговите конзервативни изјави, Трамп отворено беше споредуван со Хитлер.
Познатата холивудска актерка Џенифер Лоренс во текот на гостувањето во една телевизиска емисија изјави: „Доколку победи Трамп, тоа би значело дека дошол крајот на светот“, додека во друга емисија отворено му упатила пцости.
Писателот Стивен Кинг, во една пригода за „ Вашингтон пост“ истакна дека најмногу се плаши од населувањето на Трамп во Белата Куќа.
„Честитки Републиканци! Одбравте вистински кандидат кој има знаење колку и тригодишно дете и кој е расист“, порача Кинг.
Познатата американска пејачка и артистка Шер претходно имаше изјавено дека ќе се пресели на Јупитер доколу Трамп биде избран за претседател на САД.
„И доколку победи, тој ќе остане истиот. Осветољубив и кукавица! Имаме ситуација како во Германија во триесеттите години од минатиот век. Лутина и бес. Ги уништи нашите американски вредности“, изјави Шер по вчерашните избори во САД.
Познатиот глумец Бен Стилер исто така оштро го критикуваше Трамп во текот на предизборната кампања.
„Не го сфаќам сериозно, но гледам дека некои луѓе го сфаќаат сериозно. Тоа е баш лудо“, рече Стилер.
Британската писателка Џ.К.Роулинг (творецот на Хари Потер) за Трамп истакна дека е „полош и од Волдеморт“, алудирајќи на измислениот лик од серијалот на романи за Хари Потер.
Американскиот артист Џорџ Клуни за Трамп во една пригода рече дека станува збор за човек опортунист.
„Тој е само опортунист. Сега гледаме дека е и расиста и ксенофоб“, рече Клуни пред американските избори.
Глумецот Џони Дип, по дискриминаторските изјави на Трамп на почетокот од годината, сними кусо видео глумејќи го Трамп, прикажувајќи го како „размазено дете“.
Американскиот глумец Робер Де Ниро на почетокот од октомври рече дека Трамп не е свесен што зборува пред јавноста, и ги повика Американците да не гласаат за него на преседателските избори.
„Тој е пес, простак, свиња, преварант, будала која нема поим за што зборува. Тој е срамота за државата“, рече меѓу останатото Де Ниро во својата видео-порака.
„Тој е идиот. Тоа најдобро го кажа Колин Пауел: Тој е национална катастрофа. Зборува дека би сакал да ги удира луѓето во лице... Е па јас би сакал него да гу удрам во лице“, налутено порача Де Ниро. На крајот од снимката ја изрази својата загриженост дека неговата земја би можела да отиде во погрешен правец доколку Трамп дојде на власт.