Ekipa
10 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ОУКЛЕНД (АА) - Синоќа десетици илјади Американци излегоа на улиците во повеќе градови, изразувајќи го своето незадоволство за изборот на Доналд Трамп, за нов амарикански претседател, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неколку илјади лица ја блокираа најпрометната улица во Лос Анџелес во Калифорнија, У.С. 101, која го поврзува центарот на градот со Холивуд.
Собирот траеше со часови, а за тоа време моторните возила не сообраќаа. На поголем дел од транспарентите пишуваше: „Трамп не е мој претседател“ и „Спасете ги мигрантите“, депортирајте го Трамп.
Собирот почна да се расчистува кога полицијата започна акција за приведување, иако не беше забележано насилство.
Организирани се протести и во центарот на Њујорк, каде што се уапсени четири лица. Полицијата соопшти дека на улиците излегле околу 5.000 лица.
Голем број граѓани излегоа и на улиците на Чикаго, Сан Франциско, Сиетл, Портланд и Вашингтон.
Помали собири се забележани во Сент Пол, Минесота, Ричмонд, Вирџинија, Омаха, Небраска и во Остин.
Полицијата во Оукленд синоќа блокираше илјадници граѓани кои го окупираа центарот на градот. Според тврдењата на тамошните медиуми, на собирот против Трамп присуствуваа 6.000 лица.
Кон крајот на вечерта, две групи демонстранти подметнаа помал пожар на улицата.