Oktaj Omeragikj
04 Јуни 2025•Ажурирај: 05 Јуни 2025
ЛОНДОН (АА) - Илјадници демонстранти, кои протестираат поради продажбата на оружје на Израел од страна на Обединетото Кралство, формираа симболичен „црвен ѕид“ пред зградата на Парламентот во главниот град Лондон, облечени во црвена облека и држејќи црвено платно, известува Анадолу.
Во протестот организиран со заеднички повик на голем број организации на граѓанското општество во Обединетото Кралство под слоганот „Црвена линија за Палестина“, демонстрантите формираа човечки синџир пред зградата на Парламентот облечени во црвена облека.
Демонстрантите, кои се против продажбата на оружје на Израел од страна на Обединетото Кралство, до британската Влада ја пратија пораката:
„Ја преминавте црвената линија за Палестина.“