Betül Yürük
28 Јануари 2022•Ажурирај: 29 Јануари 2022
ЊУЈОРК (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на состанок на кој ќе се разговара за кризата меѓу Украина и Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави во ОН, Линда Томас Гринфилд, соопшти дека тие го повикале Советот за безбедност на Обединетите нации да се состане в понеделник, на 31 јануари, поради „заканувачкото однесување на Русија кон Украина и концентрацијата на руски војници на украинската граница и во Белорусија“.
Наведувајќи дека се обидуваат преку дипломатски чекори да ја намалат тензијата пред заканата за Европа и глобалниот мир и безбедност, Томас Гринфилд рече дека Советот за безбедност на ОН е многу важно место за дипломатијата.