Aldıjana Hadzıc
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
КАБУЛ (АА) - Стотици деца од училишна возраст во Нангархар, во источниот дел на Авганистан детството го минуваат работејќи тешка физичка работа, јавува Anadolu Agency (AA).
За да им помогнат на семејствата, децата работат во фабрики за цигли кои имаат потреба од работна сила. Во фабриките за цигли во Сор Род, во градот Нангархар работат деца на возраст од шест до 17 години.

Тие дневно за еден долар работат од 12 до 18 часа, со цел да помогнат во прехранувањето на своето семејство. Децата кои никогаш не седнале во училишни клупи, кои не знаат што значи безгрижна игра да минуваат своето слободно време гледајќи телевизија или играјќи компјутерски игри, не гледаат светла иднина за себе.
На овој начин, својот живот, надежи, соништа и верба во подобро утре го оставаат настрана и под топлото сонце се обидуваат за скромен износ да им овозможат на своите семејства дневен оброк.

За жал, децата кои работат тешка физичка работа за неколку часа на ден за многу мал паричен износ се присутни и во Индија, Кина и земјите од Африка. Меѓународните институции често предупредуваат на високата стапка на смртност на децата, принудната работа и малолетничките бракови во овие земји.