Cem Genco
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ХАТАЈ (АА) - Пет годишната војна во Сирија однесе илјадници животи, милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, а илјадници се повредени останувајќи со некаков вид на деформација. Барел бомбите кои паѓаат секојдневно на сириските градови, го променија животот на четири годишните момчиња Mутасим Једу и Халид Хаки. Како резултат од барел бомбите останаа без слух и говор.
Како и илјадници други сириски деца и тие останаа во светот на тишината. Останаа недоречени нивните соништа и желби. Четири годишниот Халид го изгуби слухот и говорот кога барел бомба падна во близина на неговиот дом во сирискиот град Хама.
Остана и без мајка и татко. Бабата Валид пред седум дена го донесе во турскиот Хатај. Во изјавата за АА рече дека бомбите барел секојдневно паѓаат во градот во кој живееле и дека доживеале страшни момнети.
"По нападот, кој се случи пред една година немам информации за синот и снаата. Дали се мртви, ранети, ние не знаеме. Во истиот напад внукот Халид ги изгуби слухот и говорот. Внукот од тогаш не слуша и дојдовме до Турција, во надеж дека овде ќе оздрви", вели Валид.
Истата судбина го погоди и четири годишниот Мутаса пред две години. Во бомбашкиот напад во Хама остана без слух. Пред десетина дена, тој дојде во Турција со неговиот татко, оставајќи ги мајка му и тројцата браќа во Сирија.
Таткото Мухамед Џеда (33) за АА изјави дека тие дошле во Турција, бидејќи во Сирија ја изгубиле надежта дека Мутаса ќе оздрави. Турција им ги подаде рацете и ги отвори своите врати.
"Јас сакам моето дете да оздрави. Можеби сега тој не разбира во каква состојба се наоѓа, но јас не сакам тојда пати уште повеќе", рече Џеда. Поради здравствената состојба на синот тој ја напушти Сирија и останатите членови на семејството, но се надева дека наскоро ќе бидат повторно сите заедно.