Abdullah Aşıran
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
ХАГ (АА) - Во Холандија дискриминацијата против етничките малцинства во училиштата е зголемена за 68 проценти во споредба со претходната учебна година, јавува Anadolu Agency (AA).
Одборот на инспектори при Министерството за образование, култура и наука на Холандија, го објави извештајот за претставките стигнати до инспекторите за време на учебната 2017/2018 година.
Во извештајот се наведува дека случаите на дискриминација против етничките малцинства во училиштата во споредба со минатата учебна година се зголемени за 68 проценти.
Сексуалната злоупотреба во училиштата во однос на претходниот период се зголемила од 106 на 134 случаи. Во извештајот се наведува дека случаите на сексуално вознемирување паднале од 247 на 203.
Речиси половина од приговорите за сексуална злоупотреба на учениците се поднесени против наставниците или училишниот персонал. Во извештајот, исто така, се истакнува дека овој пораст е „загрижувачки“.