Elena Teslova
16 Јануари 2020•Ажурирај: 17 Јануари 2020
МОСКВА (АА) - Руската државна Дума, Долниот дом на Парламентот, го избра денеска Михаил Мишустин за нов премиер на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пратениците за доверба на Мишустин гласаа со 423 гласа „за“, 383 „против“, додека 40 беа воздржани.
Владата на Русија вчера поднесе оставка откако рускиот претседател Владимир Путин предложи уставни промени. Путин потоа за нов премиер го предложи Мишустин, поранешниот директор на Даночната управа на Русија.
Претседателот предложи ограничувања за идните шефови на државата, вклучително и намалување на максималниот број мандати на два и наметнување услови за постојан престој во Русија најмалку 25 години.
Исто така, Путин предлага да се забрани странското државјанство и дозволите за престој на високопозиционираните руски официјални претставници, и Парламентот да има право да назначува премиери и членови на Кабинетот.