Esat Fırat
27 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
КУДС (АА) - Во придружба на израелската полиција, еврејските екстремисти влегоа во комплексот на „Ал-Акса“ во Кудс (Ерусалим) и го развиорија израелско знаме на светото место, пренесува Aгенција Анадолија (АА).
Управата за вакафи на Ал Кудс соопшти дека 626 Евреи екстремисти утрово нелегално влегле во комплексот.
Еврејските фанатици го раширија знамето на Израел додека влегуваа во светиот комплекс, а потоа го напуштија подрачјето.
Снимката од инцидентот предизвика бурни реакции од корисниците на социјалните мрежи. Ваквите сцени дополнително ја зголемуваат тензијата на Блискиот Исток.
Евреите од 20 септември го слават празникот Сукот, и во таа прилика, придружувани од израелската полиција, во неколку наврати нелегално влегоа во комплексот на „Ал-Акса“.
Согласно договорот потпишан од Израел и Јордан на 26 октомври 1994 година, управувањето со комплексот на „Ал-Акса“ е одговорност на вакафската власт на Кудс, која работи под покровителство на јорданското Министерство за вакафи и верски прашања.
Меѓутоа, израелските власти го игнорираат договорот од 2003 година и еднострано ја ангажираа полицијата и воведоа еврејски групи во комплексот „Ал-Акса“ без одобрение од Управата за вакафи.
Управата за вакафи на Кудс ги смета таквите влегувања на еврејските групи и полиција за нелегален упад и кршење на договорите и суверенитетот на муслиманските институции.