Ekip
20 Ноември 2022•Ажурирај: 21 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 12 луѓе загинаа, а 30 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денес во источниот дел на Египет, известуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случи кога автобус се судри со камион на патот Зафарана - Рас Гареб, 40 километри северно од Рас Гареб, во египетската покраина Црвено Море, наведува весникот „Ал Масри ел Јоум“.
Египетските власти информираа дека Обвинителството започнало истрага за откривање на причините за несреќата.
Египет има лоши патишта и покрај напорите на Владата да ја подобри патната инфраструктура во земјата.
Во Египет се регистрирани 51.511 смртни случаи во сообраќајни несреќи во 2021 година, објави државната агенција за статистика на оваа земја КАПМАС (CAPMAS).