Oktaj Omeragikj
20 Ноември 2022•Ажурирај: 21 Ноември 2022
ДОХА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, кој допатува во Катар на покана на емирот Шеик Тамим бин Хамад ал Тани, на церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал во 2022 година, учествуваше на свечениот прием организиран за светските лидери, известува Агенција Анадолија (AA).
Меѓу лидерите на свечениот прием беа кралот на Јордан, Абдула Втори, претседателот на Египет, Абдел-Фатах ал Сиси, претседателот на Палестина, Махмуд Абас, и други.

Турскиот претседател ќе го следи првиот натпревар на Мундијалот меѓу селекциите на Катар и Еквадор.

Како дел од билатералната безбедносна соработка, Анкара испрати повеќе од 3.000 полицајци и безбедносен персонал за поддршка на безбедносните сили на Катар за време на Светското првенство.
