Muhammed Semiz
11 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
КАИРО (АА) - Египет побара истрага од администрацијата на Тел Авив во врска со веста на еден израелски новинар дека „израелската армија запалила 20 египетски војници и ги закопала во масовна гробница за време на Шестдневната војна во 1967 година“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на египетското Министерство за надворешни работи се нагласува: „Амбасадата во Тел Авив има задача да комуницира со израелските власти за да побара истрага за точноста на веста (за војната во 1967 година)“
Во соопштението исто така се додава: „Египетската амбасада во Израел продолжува да го следи ова прашање.“
Израелските власти сѐ уште немаат дадено одговор во однос на барањата на египетското Министерство за надворешни работи.
Израелскиот новинар и писател Јоси Мелман кој пишува за весникот „Једиот ахронот“ (Yediot Ahronot), осврнувајќи се на настанот напиша дека израелската армија запалила 20 египетски војници и ги закопале во масовните гробници во градот Латрун, западно од Ерусалим, за време на војната во 1967 година.
Наведувајќи дека израелската администрација со години наметнува строга цензура за инцидентот, Мелман напиша дека вистината се открила со укинувањето на цензурата 55 години подоцна.