Ekipa
24 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
КАИРО (AA) – Човечките делови од телото, пронајдени по падот на авионот на EgyptAir со 66 патници и членови на посадата укажуваат дека на леталото му се случи експлозија која го предизвика нејзиниот пад, изјави египетскиот експерт за форензика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неименуван функционер е дел од египетскиот тим на истражувачи и лично ги прегледа остатоците од телото од мртовницата во Каиро. Наведе дека сите 80 пронајдени делови од телото, кои се допремени во Каиро, се мали и дека нема ниту еден цел дел од телото, како што е рака или глава" .
„Логично објасување би било авионот да се урнал среде експлозија", заклучи.
Авионот со 66 патници и членови на посадата, во четврток на 19 мај, на летот од Париз кон Каиро исчезна над источниот Медитеран, отако влезе во египетскиот воздушен простор. Кратко потоа е утврдено дека авионот падна во Средоземно море.
Спасувачките тимови пронајдоа неколку надворешни делови од леталото, седиштето од авионот, лични работи на патниците и неколку тела.
Потрагата е насочена на трупот на авионот од кој се верува дека е на морското дно, а во кој се наоѓаат црните кутии кои ќе ги откријат причините за падот на авионот.
Вчера египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси наложи ангажман на египетската подморница која може да пребара на 3.000 метри под морето.
Во понеделник Француската служба за истраги на авионските несреќи (BEA) соопшти дека пилотот кој управуваше со авионот побара од египетските контролори на летот да му овозможат принудно слетување неколку моменти пред падот на авионот.
Според податоците на авиокомпанијата, во авионот се наоѓаа 30 Еѓипќани, 15 Французи, двајца Ирачани и по еден државјанин на Велика Британија, Белгија, Португалија, Чад, Канада, Судан, Кувајт и Саудиска Арабија.