Ekip
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ЈОХАНЕСБУРГ (AA) - Едно од најоддалечените места во светот ќе стане помалку изолирано, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот комерцијален лет ќе замине за Света Елена (Saint Helena), остров во Јужен Атлантик, на кој до неодамна можеше да се стигне само со брод. На овој остров, Наполеон Бонапарта ги помина последните години од животот во егзил.
Авионот СА Aерлинк ќе го напушти Јоханесбург и зќе тргне на шестчасовен лет на остров кој е под контрола на Обединетото Кралство.
Света Елена, по воведувањето на комерцијалната авиолинија, се надева дека ќе привлече повеќе туристи на нејзиниот ридски остров со коси долини и стрмен брег.
Новата авиолинија кој ќе лета еднаш неделно, ќе значи и крај на прекуморската линија, која досега беше единствениот начин да се стигне до островот. Кралскиот брод Св.Елена, со кој се патуваше од Кејптаун речиси седум дена, ќе престане да плови во февруари следната година.