Betül Yürük
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (АА) - Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации (ОН), и претседателот на Советодавната комисија за Аракан, Кофи Анан, упати апел до Советот за безбедност на ОН за вршење притисок врз мјанмарската влада за создавање услови со кои ќе им се овозможи на араканските муслимани безбедно и чесно да се вратат во нивните села, јавува Anadolu Agency (AA).
Анан по состанокот на Советот за безбедност на кој се разговараше за настаните во Аракан, даде изјави за медиумите, при што рече дека ги информирал земјите членки на Советот за безбедност околу извештајот на Советодавната комисија за Аракан.
Анан нагласи дека пред се во краток рок е потребно да се стави крај на насилството, да се достави хуманитарна помош, како и да им се овозможи на араканските муслимани достојно да се вратат во нивните села.
„Се додека араканците кои се засолнија во Бангладеш, не се чувствуваат безбедни, нема да биде лесно нивното враќање во своите села. Араканците треба да се вратат во нивните села, а не во кампови. Со одлуката која ќе биде донесена во Советот за безбедност на ОН околу Аракан, треба да се врши притисок врз мјанмарската влада за создавање услови со кои ќе им се овозможува на араканските муслимани безбедно да се вратат во нивните села“ истакна Анан.
Анан додаде дека во случај решавање на кризата во Аракан, мјанмарската влада ќе има можност да одвои повеќе време за другите поголеми проблеми во земјата.
Истакнувајќи дека двовласта во управувањето на мјанмар го поречува координираното спроведување на некои практики, Анан додаде дека затоа треба да се работи и со мјанмарската влада и со мјанмарксата војска.