Abdullah Yasin Güler
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ИДЛИБ (АА) - Едно возило е помалку оштетено во експлозија што се случи во текот на 26. заедничка патрола на турската и руската војска на Автопатот М4 во Идлиб, Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на 26. заедничка патрола на Турција и Русија во Идлиб, којашто се одвива во рамките на договорот за примирје во Идлиб, постигнат на 5 март, се случи експлозија во која едно возило од конвојот е помалку оштетено. Во регионот започната е операција“, се соопштува од Министерството.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, на 5 март постигнаа договор за прекин на огнот во Идлиб.