Ekip
03 Декември 2023•Ажурирај: 05 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку 4 студени загинаа, а 50 се повредени денес од експлозија на бомба поставена во фискултурна сала на Универзитет во јужниот дел на Филипини, објавија официјални лица и локални медиуми, пренесува Анадолу.
„Експлозијата ова утро одекна во фискултурна сала на државниот Универзитет Минданао, во градот Марави“, објави дневниот весник на англиски јазик „Манила тајмс“, повикувајќи се на информации добиени од безбедносни службеници.
Алан Ноблеза, регионален директор на полицијата, изјави дека власта ја истражува експлозијата на државниот универзитет Минданао.
Власта соопшти дека жртвите биле дел од неделната молитва што се организирала во фискултурната сала, кога експлодирала непозната направа.
Полицијата поведе истрага за утврдување на осомничените и мотивот за бомбашкиот напад.