Serdar Dincel
08 Јули 2026•Ажурирано: 08 Јули 2026
Полудржавната новинска агенција „Мехр“ пренесе дека вечерва во јужниот ирански град Бандар Абас се слушнала експлозија, јавува Анадолу.
Причините за експлозијата сè уште не се познати.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Вашингтон „веројатно“ повторно ќе изврши напади врз Иран во текот на ноќта, по претходните американски напади извршени како одговор на нападите врз бродовите во Ормускиот Теснец.