Recep Şakar
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
МЕЛБУРН (АА) - Воен американски авион се урна во морето во близина на австралискиот брег. Во несреќата исчезнаа три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Авион на американска морнарица се урна вчера во заливот Шоалватер во Квинсленд при обид да се спушти на писта на американскиот носач на авиони “USS Ronald Regan“.
Станува збор за воен авион од тип „MV-22 Ospray“ кој на носачи на авиони се спушта и полетува како хеликоптер, и кого американската морнарица најчесто го користи во мисии. Спасувачките екипи спасија 23 припадници на американската морнарица кои биле во авионот, а три лица се водат за исчезнати.
Од пацифичкиот оддел на американската морнарица утринава е соопштено дека потрагата по тројцата исчезнати војници е завршена без резултат.
Авастралиската министерка за одбрана Марис Пејн, разговараше со американскиот колега Џејмс Матис и соопшти дека во авионот немало австралиски војници.
На почетокот на оваа година слична несреќа се случи и во Јемен кога тројца американски војници беа повредени, а авионот експлодираше при пад на морето.