Sultan Çoğalan
26 Јули 2016•Ажурирај: 27 Јули 2016
АНКАРА (АА) – Во врска со истрагата што се однесува на обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО чии лидер е Фетулах Ѓулен, при обид за бегство во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, беа фатени Џахит Бакир, генералниот мајор и командант на турските оперативни сили во Авганистан, и Шенер Топуч, бригадниот генерал и командантот за образование, помош и советување во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од дипломатски извори, Министерството за надворешни работи и Националната организација за разузнавање, кои беа информирани за бегството на Бакир и Топчу од Кабул во Дубаи, веднаш започнаа истрага.
Во овој контекст, со помош на направените проценки во точно време за нивното пронаоѓање и со помош на соработката со властите на Обединетите Арапски Емирати, Бакир и Топчу беа фатени на аеродромот во Дубаи. Тие денеска беа доведени во Турција.