Ferdi Türkten
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Њујорк се состана со германската канцеларка, Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Редовното годишно заседание на Генералното собрание на ОН започнува денес, а по тој повод во Њујорк допатуваа челниците на голем број држави, вклучувајќи го и турскиот претседател Ердоган.
Ердоган доцна синоќа во седиштето на ОН се состана со шефицата на германската влада, Ангела Меркел, а состанокот беше одржан зад затворени врати.
За значењето на состанокот најдобро зборува и фактот дека Ердоган и Меркел во делегацијата имаат голем број членови на Кабинетот.
Во делегацијата на Ердоган на состанокот присуствуваа шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за животна средина и урбанизам, Мурат Курум, министерот за финансии и трезор, Берат Албајрак, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерката зa трговија, Рухсар Пекчан, шефот на парламентарната Комисија за надворешни работи, Волкан Бозкир, раководителот на Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, и портпаролот на Кабинетот, Ибрахим Калин.