Tuğrul Çam
24 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
АНКАРА/ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на министерот за надворешни работи на кипарските Грци, кој го постави прашањето за федерација, му одговори: „Вашиот лидер го одби тоа. Најпрвин треба да одлучиме за што ќе преговараме“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, министерот Чавушоглу со министерот за надворешни работи на кипарските Грци, Никос Христодулидис, се сретнал во ходниците на зградата на ОН во Њујорк. Министерот за надворешни работи на кипарските Грци откако го сретнал Чавушоглу му подал рака да се поздрави и го прашал: „Зошто за федерација не се согласиме веднаш.“
Чавушоглу, потсетувајќи дека и претходно има кажано дека нема да се преговара за само да се преговара, му одговори: Вашиот лидер го одби тоа. Најпрвин треба да одлучиме за што ќе преговараме. Што ќе преговараме, за две држави или нешто друго?“ По одговорот Чавушоглу ја повлече својата рака.
„Јасно е за што ќе преговараме. Има само едно решение, федерација на две заедници и два дела. Заборавете на две држави или конфедерација“, рече Христодулидис.
Чавушоглу како одговор на Христодулидис потсети на средбата со грчкиот лидер Анастасијадис во Кран Монтана во Швајцарија пред две години и истакна:
„Последниот пат (во Кран Монтана) твојот лидер пред тебе спомена за конфедерација. (Грчкиот лидер) Анастасијадис минатата година еднаш рече 'федерација', еднаш 'конфедерација'. Прво треба да дебатираме за тоа за што ќе преговараме. Ние со години бевме страна која вложува напори за да се најде решение и во планот на Анан и во Кран Монтана.“