Ali Murat Alhas
30 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
НАГОЈА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека училиштата, организациите и индивидуите поврзани со терористичката организација ФЕТО сѐ уште вршат активности во Јапонија и реализираат интензивна кампања против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган имаше свое обраќање на Програмата на турската заедница на Форумот за култура на Универзитетот во јапонскиот град Нагоја. Ердоган во четвроткот пристигна во Осака, Јапонија, за да присуствува на Самитот на Г-20, а потоа ги посети и градовите Кјото и Нагоја.
Осврнувајќи се на терористичката организација ФЕТО, која на 15 јули 2016 година изведе неуспешен обид за државен удар во Турција, во кој загинаа 251 лице, Ердоган рече: „Оваа организација во странство реализира интензивна кампања на оцрнување на нашата земја“.
„Ние ја очекуваме вашата поддршка во борбата против оваа крвожедна терористичка организација“, изјави тој, повикувајќи ги Турците во Јапонија да заземат став против кампањите на терористите на ФЕТО, кои, како што нагласи, се заслепени од амбиција, омраза и злоба.
Турскиот претседател изјави дека не постои разлика меѓу ФЕТО и другите терористички организации како што се ПКК и ДХКП-Џ, и двете одговорни за голем број жртви во Турција.
„Она што е ПКК и ДХКП-Џ, тоа е и ФЕТО. Нема разлика меѓу нив.“
Според зборовите на Ердоган, Турција планира да отвори Генерален конзулат во градот Нагоја со цел зајакнување на културните врски со Јапонија и продолжување на помошта за турскиот народ што живее таму.
„Нашите браќа што живеат во странство не се гастарбајтери, сега се претставници на турската нација, амбасадорите и моќта во странство“, нагласи Ердоган.
Тој го повика турските граѓани што престојуваат во Јапонија да го научат јапонскиот јазик за да можат да постигнат повеќе, и да се интегрираат во општеството, но предупреди дека нивните деца треба да ги воспитуваат во согласност со турската култура, со цел никогаш да не ги изгубат врските со татковината.
Покрај тоа, глобалниот авијациски гигант „Туркиш ерлајнс“ од април 2020 година ќе започне со летови од Меѓународниот аеродром „Кансаи“ во Осака до Истанбул.