Mümin Altaş
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
АБУ ДАБИ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес беше пречекан со највисоки почести во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Ердоган беше пречекан од престолонаследникот на Абу Даби, Мухамед бин Зајед ал Нахјан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Свечениот пречек на Ердоган се одржа во палатата „Каср ал Ватан“ во Абу Даби, а започна со интонирање на химните на Турција и ОАЕ.
Ердоган се поздрави со построената гарда, а потоа беше направена заедничка фотографија, по што двајцата лидери го продолжија разговорот зад затворени врати.
Во рамките на посетата се планирани и неколку билатерални договори меѓу Турција и ОАЕ. Ердоган вечерва ќе присуствува и на вечера што ќе биде организирана во негова чест.
Турскиот претседател е придружуван од страна на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, од министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за финансии, Нуредин Небати, од министерот за трговија, Мехмет Муш, министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, потпретседателот и портпарол на АК Партијата, Омер Челик, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.