Ruslan Rehimov
19 Септември 2023•Ажурирај: 20 Септември 2023
БАКУ (АА) - Во истрелите што ерменската војска ги упати кон војниците на Азербејџан во подрачјето на Карабах, ранети се двајца војници, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан, известува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека околу 11:45 часот по локално време пукано е од страна на илегални ерменски сили на подрачјето на Агдам, во Карабах, врз позициите на азербејџанската војска. Притоа се користени минофрлачи и оружје од различен калибар.
Во соопштението се вели дека во нападот се ранети двајца војници и дека војската на Азербејџан возвратила на нападот.
Претходно денеска азербејџанското Министерство за обрана објави дека од мина поставена од ерменските сили загинале четворица полицајци и двајца работници на азербејџанска компанија за одржување на патиштата.
Односите меѓу двете поранешни советски републики Ерменија и Азербејџан се тензични од 1991 година, кога ерменската војска окупираше територии на Азербејџан кои се меѓународно признаени.
Азербејџан во 2020 година ослободи неколку градови и повеќе од 300 населби кои претходно беа под ерменска окупација, а борбите беа запрени по договор што беше постигнат со посредство на Русија.