Mahmut Atanur
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ЏАКАРТА (AA) - По ерупцијата на најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи, нивото на опасност е подигнато на втор степен, а евакуирани се стотици луѓе што живеат во близина на подрачјето кое е во опасност, јавува Anadolu Agency (AA).
Од индонезискиот Центар за вулканологија и справување со геолошки опасности (PVMBG) е соопштено дека од вчера се забележани четири мали експлозии.
Гласноговорникот на Агенцијата за справување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека околу 660 лица што живеат во близина на подрачјето на активниот вулкан се евакуирани на сигурно подрачје.
Поради ерупцијата на Мерапи на 11 мај жителите од поблиските места се засолнија во посигурни области, а привремено е затворен и аеродромот „Ади Сукипто“ во Јогјакарта.
Мерапи се наоѓа на планината помеѓу Јогјакарта и Јава, на висина од 2.968 метри и е најактивен од околу 500 вулкани во Индонезија. Неговата последна голема ерупција во 2010 година однесе 347 животи и предизвика евакуација на 20.000 жители.