Tufan Aktaş
29 Јули 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Владата на Етиопија соопшти дека е подготвена да започне преговори со бунтовничкиот Народноослободителен фронт на Тиграј (TPLF), без никакви предуслови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ридван Хусеин, еден од советниците за безбедност на премиерот Абиј Ахмед, на Твитер напиша дека Владата е подготвена за преговори секогаш и секаде.
Хусеин, соопштувајќи ја одлуката на брифингот пред претставниците на САД, Европската Унија и Обединетите нации, истакна дека на странските дипломати им било дозволено да патуваат во Тиграј, упориштето на ТПЛФ.
Тој нагласи дека не треба да има предуслови за разговорите, и дека преговарачкиот процес ќе го води Африканската Унија.
Конфликтите меѓу војската и ТПЛФ во Етиопија кои траат од ноември 2020 година доведоа до голема хуманитарна криза. Конфликтот, кој се прошири и во соседните држави на Тиграј, расели околу 2,5 милиони луѓе.
Етиопскиот премиер Абиј Ахмед во својот говор пред Парламентот на 14 јуни истакна дека Владата формирала комисија за мировен процес.
Од друга страна, ТПЛФ, кој се побуни против централната Влада во Етиопија и предизвика граѓанска војна, на 15 јуни побара Кенија да биде посредник за мировните разговори со етиопската Влада.