Mehmet Alaca
29 Јули 2022•Ажурирај: 31 Јули 2022
ЏЕКСОН (AA) - Осум лица загинаа во поплавите во американската сојузна држава Кентаки, додека стотици лица останаа без покрив над глава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во местото Апалачија, кое неколку дена е зафатено од поројни дождови, се прелеаа реките, додека куќите, деловните простории, како и патиштата, останаа под вода.
Во поплавите животот го загубија 8 лица, додека стотици лица останаа без покрив над глава.
Спасувачките тимови со хеликоптери и чамци ги спасуваа заглавените лица.
Дел од парковите се користат за засолнување на евакуираните.
„Ова е деструктивно“, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешер, во врска со поплавите, нагласувајќи дека ова се едни од најсмртноносните поплави во таа сојузна држава.
Бешер истакна дека започнале кампања за собирање донации за лицата погодени од поплавите.
Дел од подрачјето на Западна Вирџинија, исто така, е поплавено.