Dilara Hamit
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
АНКАРА
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Џозеп Борел, телефонски разговараше со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, при што му рече дека двете заедници во Кипар би требало да имаат корист од таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џозеп рече дека ЕУ е за соработка во Источниот Медитеран и дека во иднина сакаат да работат заедно, одржувајќи дијалози.
Акинџи му одговори дека неговиот безуспешен обид да се сретне со него додека бил во посета на Кипар пред една недела, предизвикал сериозна непријатност во заедницата на кипарските Турци.
Велејќи дека има две главни партии во Кипар, Акинџи му рече на Борел дека претходно се состанал со претседателот на Комисијата на ЕУ, Жан-Клод Јункер, претседателот на Парламентот, Мартин Шулц, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.
Тој му рече на Борел дека кипарските Турци се едни од страните во прашањето за јаглеводородите и дека сѐ уште важи неговиот предлог кој го дал минатата година за елиминирање на тензиите во Источен Медитеран.
Акинџи рече дека е подготвен да работи со ЕУ на сите нивоа за решавање на прашањето во Кипар.
Борел рече дека му е жал што не се состанал со него за време на неговата посета и дека ЕУ во првата можност ќе го надомести овој пропуст.