Selen Temizer
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
БРИСЕЛ – Заедничкиот истражувачки центар на Европската Унија (ЕУ) предупреди дека 44 % од европското земјиште се соочува со ризик од суша, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заедничкиот истражувачки центар во извештајот што го подготви во јули, во кој е вклучена и Велика Британија, соопшти дека 44 % од земјата во ЕУ се наоѓа на ниво на „предупредување“, а 9 % е на алармантно ниво, соочувајќи се со ризик од суша.
Италија се наоѓа на врвот на листата меѓу земјите кои се најпогодени од екстремните горештини. Најекстремна суша може да се забележи по течението на реката По, во северниот дел на земјата.
Кога станува збор за исполнетоста на резервоарите за вода во Шпанија, регистриран е пад од 31 % во однос на просекот во последните десет години.
Во Португалија е забележан пад од 50 % на нивото на водата во хидроелектраните која се користи за производство на електрична енергија, во однос на просекот во последните седум години.
Екстремните горештини, особено во Франција, Романија, Шпанија, Португалија и Италија, негативно влијаат врз земјоделскиот принос.
Предвидувајќи негативни временски услови за претстојните месеци, ваквата ситуација во опасност го става снабдувањето со вода.
Иако во моментов стратегиите за намалување на сушата се исклучително важни, се препорачува да им се придаде важност на борбата против климатските промени и влошувањето на циклусот на водата, кои претставуваат основните причини за настанатиот проблем.
– Топлотниот бран се забележува и на Северот –
Додека земјите од Јужна Европа со денови се борат со екстремните горештини и шумските пожари, од високите температури на воздухот, оваа недела, погодени се и земјите како Белгија, Германија и Велика Британија.
Во овие земји во кои се предвидуваат температури до 40 степени Целзиусови, дури и повеќе, дадени се предупредувања и преземени се различни мерки на претпазливост.