Adam Abu-bashal
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
АБУЏА - Во нигериската сојузна држава Сокото во Африка во оружен напад се киднапирани 81 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Амину Боза Алмустафа, пратеник од областа Сабон Бирни, за локалните медиуми изјави дека вооружени лица на мотоцикли во подрачјето Сабон Бирни извеле оружен напад.
Алмустафа информира дека во нападот се киднапирани 81 лице, а голем број се ранети.
Тој нагласи дека во подрачјето се испратени безбедносни сили, и дека во тек се операции за спасување на киднапираните.
Иако киднапирањето луѓе во Нигерија се казнува со смртна казна, тоа е чест случај во земјата.
Во рамките на борбата со зголемените безбедносни проблеми во земјата, забрането е да се плаќа на вооружените лица за откуп на киднапираните.