Ömer Tuğrul Çam
29 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
БРИСЕЛ
Европската Унија (ЕУ) соопшти дека руските власти вовеле забрана за влез на некои официјални лица на ЕУ и земји членки на Унијата, на што ќе следуваат реакции, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, се наведува дека Русија вовела забрана за патување на „непознат број“ официјални лица од институциите на ЕУ и земјите членки.
„ЕУ жали за оваа одлука на руските власти“, се наведува во соопштението и се истакнува дека за таквата одлука не постои правна основа.
„Оваа одлука ќе има соодветни реакции. Русија со оваа одлука, наместо да придонесе за намалување на тензиите, поттикнува клима на напнатост во Европа“, порачаа од ЕУ.