Esat Fırat
28 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
АЛ КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници за време на интервенциите на протестите организирани против нелегалните еврејски населби на окупираниот Западен Брег, повредија 13 Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протести против еврејските населби беа организирани во Бејта и Бејт Даџин во Наблус на северниот дел на Западниот Брег.
За време на интервенциите израелските сили употребија гумени куршуми и солзавец, а Палестинците возвратија со фрлање камења.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските сили раниле 13 Палестинци со гумени куршуми.
Тие истакнаа дека и израелски војници со гумени куршуми ги гаѓале и амбулантните возила во градот Бејт Даџин, а од гумен куршум бил ранет и лекар.
Палестинците на окупираниот Западен Брег организираат протести секој петок поради Sидот на раздвојување и нелегалните еврејски населби.
На Западниот Брег има повеќе од 250 нелегални еврејски населби. Приближно 500.000 еврејски доселеници кои живеат во овие места дополнително го отежнуваат животот на Палестинците кои живеат под окупација на Западниот Брег.
Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираната палестинска територија се сметаат за нелегални.