Ata Ufuk Şeker
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека на Украина ѝ се дадени 600 милиони евра финансиска поддршка за да се ублажат економските ефекти од епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Комисијата на ЕУ истакна дека во рамките на програмата за макрофинансиска поддршка подготвена против економските ефекти на Ковид-19 на Украина ѝ е пуштена новата кредитна транша.
Во соопштението се наведува дека Украина ги исполнила своите обврски поврзани со јавните финансии, управувањето, владеењето на правото, подобрувањето на деловното опкружување, секторските реформи и дека на Украина ѝ се обезбедени 600 милиони евра во рамките на програмата за поддршка на Европската Унија (ЕУ).
Исто така се нагласува дека во рамки на различни програми за макрофинансиска поддршка, ЕУ ѝ дала на Украина вкупно 4,4 милијарди евра.
Европската Унија (ЕУ) во време на економска криза може да обезбеди макрофинансиска поддршка на земјите во нејзина непосредна близина.
За да се ослободат тие кредити, мора да се исполнат одредени услови.
Финансиската помош на ЕУ вклучува поповолни услови за плаќање од кредитите што земјата вообичаено може да ги добие од пазарите во нормални услови.