Mustafa Deveci,Esat Fırat
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
КУДС (АА) - Израелската администрација започна со активности за да претвори во парк еден дел од гробиштата „Јусуфије“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Вработените во компанијата подизведувач што ѝ служи на израелската администрација, под заштита на израелската полиција, утрово со градежна опрема дојдоа на муслиманските гробишта „Јусуфије“, лоцирани во Стариот град на Источен Кудс.
Екипите на компанијата повторно почнаа да работат на просторот каде што во претходните ископувања пронајдоа коски, за кои беше наведено дека им припаѓаат на муслимани.
Вработените во компанијата во придружба на полицијата почнаа да го затвораат делот од гробиштата со железна ограда.
Палестинците, кои реагираа на ископувањата, отстранети се од областа со помош на полицијата.
На 10 октомври, израелските тимови ги уништија муслиманските гробници што се наоѓаат под ѕидовите на Месџид ал Акса.
Ахмед ед-Диџани, функционер на Комисијата за заштита на муслиманските гробишта, поврзана со Управата на исламските фондации во Кудс, во изјавата за АА рече дека Општина Ерусалим (Кудс), која му припаѓа на Израел, има за цел да изгради парк во областа што е составен дел на гробиштата „Јусуфије“.