Şerife Çetin
14 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) истакна дека Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF) има клучна важност за меѓународниот мир и меѓународната безбедност, упатувајќи апел до страните да ги исполнат своите обврски од Договорот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Советот на ЕУ се укажува на зголемената нестабилност во безбедноста и на важноста на контролирање на вооружувањето.
Во соопштението се нагласува дека овој договор веќе 30 години дава значаен придонес во безбедноста на Европа.
„Изразуваме длабока загриженост поради случувањата во врска со Договорот кој може да заврши на 2 август“, се додава.
Во соопштението се бара од Русија да ги разјасни тврдењата во однос на позиционирањето и тестирањето на ракетниот систем од типот 9M729 кој го прекршува Договорот ИНФ.
„Наредните денови се последна шанса од аспект на преземање потребни мерки за дијалог, како и за заштита на безбедносната инфраструктура на Европа“, се истакнува во соопштението на ЕУ.