Cem Genco
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
ХАТАЈ (АА) - Сирискиот историчар на уметност, Абдулсетар Ал Сатуф, кој живее во месноста Рејханли во Хатај, го прикажа со мозаичка уметност херојството што го покажа турската нација против обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Сатуф одлучи со мозаичка техника да ја опише борбата на претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ на 15 јули, Денот на демократијата и националното единство.
Сатуф заедно со 6 лица го завршил мозаикот за 7 месеци. Делото е високо 1,75 метри и широко 1,5 метри.
Сирискиот уметник го поставил мозаикот на своето работно место. Сатуф за дописникот на АА истакна дека никогаш нема да ја заборават поддршката што ја даде Турција за нив.
Истакнувајќи дека неговото дело со мозаик го прикажува тоа што се случи на 15 јули, Сатуф нагласи: „Ја сакаме Турција и секогаш ќе бидеме благодарни. Затоа и го направив ова дело. Тие што го видоа делото многу им се допадна.“